Активности



Вторник, 21 мај 2013 година

Дваесет и осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Дваесет и осма седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот.

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот.

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за eнергетика, беа поднесени три амандмани од овластени предлагачи, од кои еден беше повлечен, а преостанатите два едногласно усвоени.

Комисијата ги проследи трите Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.




Click