Активности

Среда, 3 јули 2013 година

Триесет и прва седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Триесет и прва седница, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државна статистика.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести членовите  дека се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата за економски прашања разгледа и усвои два амандмана поднесени од пратениците Владанка Авировиќ и Јулиета Марку, додека не усвои девет амандмани поднесени од пратениците Марјанчо Николов, Миле Андонов, Самка Ибраимоски, Ленче Николовска, Борче Ставрoв и Панче Орцев.

Комисијата заклучи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државна статистика да го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 
Click