Активности



Петок, 7 јуни 2013 година

Триесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 32. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување на Законот за земјоделското земјиште;
  2. Предлогот на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлогот на законот за изменување на Законот за земјоделското земјиште, поднесен е еден амандман, додека по Предлогот на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, поднесени се вкупно 3 амандмани.

Комисијата, со 4 гласа „за“ и 5 „против“ не го усвои предложениот еден амандман по Предлогот на законот за изменување на Законот за земјоделското земјиште, додека останатите три амандмани по Предлогот на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, беа повлечени од страна на претставникот на предлагачите.

На крајот од расправата, Комисијата заклучи Предлог-законите да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

  

 

 

 

Click