Активности



Петок, 2 август 2013 година

Триесет и трета седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Триесет и третата седница, одржана на 30 јули 2013 година, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

1. Предлогот на закон за индустриски-зелени зони;
2. Предлогот на закон за изменување на Законот за јавните претпријатија;
3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.

По Предлогот на закон за индустриски-зелени зони, Комисијата претресе два амандмани поднесени од пратениците: г-ѓа Нада Станчевска, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Неџати Јакупи, г-ѓа Силвана Бонева, г. Рeџаил Исмаили и г-ѓа Јулиета Марку, и истите ги усвои.
 
Врз основа на членот 149, став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата поднесе еден амандман од правно-технички карактер и со мнозинство гласови го усвои.

Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи по Предлогот на закон за изменување на Законот за јавните претпријатија.

Комисијата му предложи на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе овој Предлог-закон.

Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Комисијата водеше претрес по еден амандман поднесен од пратениците: г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Неџати Јакупи, г-ѓа Јулиета Марку, г-ѓа Нада Станчевска и г-ѓа Силвана Бонева, кој со мнозинство гласови беше усвоен.

 

 

Click