Активности

Четврток, 27 јуни 2013 година

Триесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 33. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за тутун и тутунски производи.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше, г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, нема поднесено амандмани по Предлог-законот.

Во дискусијата по Предлог-законот, покрај министерот Коњановски, учествуваа и пратениците г. Реџаиљ Исмаили и г. Панче Орцев.

По расправата, Комисијата заклучи Предлог-законот за изменување на Законот за тутун и тутунски производи по скратена постапка, да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 
Click