Активности



Четврток, 9 мај 2013 година

Триесет и петта седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на денешната Триесет и петта седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита.

Потребата од донесување на Предлог-законот ја образложи министерот за труд и социјална политика, г. Спиро Ристовски. Свои дискусии имаа пратениците: г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Бети Кузмановска и г-ѓа Станка Анастасова.

На крајот од расправата, според член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за труд и социјална политика едногласно констатираше дека Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита е прифатлив и може да се даде на натамошно читање.

Click