Активности



Четврток, 10 октомври 2013 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на 36. седница, одржана вчера, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за трговија.

Комисијата го претресе и едногласно го усвои амандманот за менување на член 2, поднесен од пратениците: г-ѓа Нада Станчевска, г-ѓа Владанка Авировиќ, г-ѓа Силвана Бонева, г. Васил Пишев, г. Панче Дамески, г. Драган Цуклев и г. Ѓорѓи Коџабашиев.

Во претресот учествуваа: членот на Комисијата, г-ѓа Нада Станчевска и заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев.

На крајот од претресот, Комисијата го проследи Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за трговија на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.


 

Click