Активности



Вторник, 23 јули 2013 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 36. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во скратена постапка ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување на Законот за земјоделското земјиште;
  2. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи;
  3. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој;
  4. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното;
  5. Предлогот на законот за изменување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост,
    поднесен од пратениците Малиша Станковиќ, Ромео Тренов, Елена Павлова, Неџати Јакупи, Силвана Бонева, Илија Димовски, Панче Дамески, Реџаил Исмаили, Марија Рашковска и Владанка Авировиќ;

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Зоран Коњановски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното, поднесен е еден амандман од пратеникот Малиша Станковиќ.

Во дискусија по Предлог на законот учествуваa пратениците: г-ѓа Ленче Николовска и г. Борче Ставров.

Комисијата со 10 гласа „за“ го усвои предложениот амандман.

Во однос на останатите Предлог закони не беа поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи Предлог на законите да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click