Активности



Вторник, 22 октомври 2013 година

Триесет и седма седница Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Триесет и седмата седница, одржана на 18 oктомври 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, разгледа 14 Предлог-закони:

  1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот пазарен инспекторат;
  2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика;
  3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција;
  4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за стечај;
  5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност;
  6. Предлог-закон за изменување на Законот за заштита на потрошувачите;
  7. Предлог-закон за изменување на Законот за угостителска дејност;
  8. Предлог-закон за изменување на Законот за градежните производи;
  9. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите;
  10. Предлог-закон за изменување на Законот за трговија;
  11. Предлог-закон за изменување на Законот за вршење на занаетчиска дејност;
  12. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за возила;
  13. Предлог-закон за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали;
  14. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за метрологијата.

Потребата од донесување на Предлог-законите ја образложи заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев.

- Основната причина за донесување на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот пазарен инспекторат, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност е усогласување со одредбите од Законот за инспекциски надзор. 

Во однос на законот за инспекциски надзор измената се состои во утврдување на статусот на инспекторатот, условите кои едно лице треба да ги исполнуваа да биде инспектор, како и обврската на инспекторатот да изготвува планови за работа.

Измената се однесува на тоа што наместо досегашните комисии формирани со посебните материјални закони по жалбите против решенијата на инспекциските органи, во  втор степен ќе решава Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Законот чие донесување се предлага се заснова на истите начела на кои се заснова и основниот текст на законот.

- Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика,  г. Делев истакна дека целта на предложените измени и дополнувања на Законот за енергетика е негово усогласување со Законот за полагање на правосуден испит, во смисла постапката за полагање на испитите да биде на ист начин како полагањето предвидено во законот за правосуден испит.

Законот чие донесување се предлага се заснова на истите начела на кои се заснова и основниот текст на законот. Како основни решенија кои ги нуди овој закон се пропишување на одредби со кои ќе се обезбеди транспарентна постапка за спроведување на испитите.

Со предложената измена е предвидено полагање на испит за стекнување на овластување за енергетски контролори и полагање на испит за стекнување на уверение за стручна оспособеност на ракувачите на енергетските уреди и постројки. Исто така, се врши усогласување во делот на постапките што се спроведуваат кај испитите предвидени со законот за енергетика со постапката предвидена со Законот за правосуден испит.

- Предложените измени со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај се состојат во делот на уверенијата за положен испит за овластен стечаен управник. Во тој дел се пропишуваат начинот и правилата за полагање на овој стручен испит по модел на правосудниот испит.

- Потребата од донесување на Предлогот на закон за изменување на Законот за заштита на потрошувачите, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите и Предлогот на закон за изменување на Законот за трговија, е  усогласување со одредбите од Законот за инспекциски надзор. Измената се однесува на тоа што наместо досегашните комисии формирани со посебните материјални закони по жалбите против решенијата на инспекциските органи во втор степен ќе решава Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

- Целта на предложените измени и дополнувања на Предлогот на закон за изменување на Законот за угостителска дејност и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за метрологијата, е усогласување со Законот за инспекциски надзор. Законот чие донесување се предлага се заснова на истите начела на кои се заснова и основниот текст на законот. Основни решенија кои ги нуди овој Закон се предвидува по жалба на решенијата на инспекторите да одлучува Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

- Во врска со Предлогот на закон за изменување на Законот за градежните производи, предложената измена е во насока на забрзување на решавањето на жалбите по решението на Државниот пазарен инспектор, со што ќе дојде до олеснување на целата постапка. Се врши усогласување со Законот за инспекциски надзор.

- Потребата од донесување на Предлог на закон за изменување на Законот за вршење на занаетчиска дејност е во насока на забрзување на постапката за решавање на жалба по решенија при вршење на инспекциски надзор со што ќе се олесни целата постапка за решавање од втор степен.

- Со предложените измени и дополнувања на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за возила, се преземаат мерки за усогласување на Законот за возила со Законот за правосуден испит.

- Основната причина за донесување на Предлог на закон за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали е негово усогласување со одредбите од Законот за инспекциски надзор. Законот чие донесување се предлага се заснова на истите начела на кои се заснова и основниот текст на законот. Oсновни решенија кои ги нуди овој закон се пропишување на одредби со кои ќе се усогласат одредбите со кои е дадена можност за поднесување на жалба за донесено решение согласно Законот за инспекциски надзор.

  • Врз основа на членот 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за економски прашања заклучи дека сите Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.
Click