Активности



Вторник, 24 септември 2013 година

Триесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 37. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, поднесен од пратеникот Малиша Станковиќ.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше, г. Зоран Коњановски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија за доставување на амандмани до почетокот на седницата не се доставени амандмани по Предлогот на законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: г. Малиша Станковиќ, г. Панче Орцев и г-ѓа Ленче Николовска.

По расправата, Комисијата заклучи овој Предлог-закон да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click