Активности



Четврток, 9 мај 2013 година

Триесет и осма седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на Триесет и осмата седница, одржана денеска, во прво читање, ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита.

На седницата на Комисијата, во својство на повереници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: г-ѓа Билјана Стојанова, државен советник во Министерството за економија и г. Муедин Кавечи, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, кои ја образложија потребата од донесување на законите, од аспект на нивната усогласеност со правото на Европската унија.

По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита во расправата учествуваше пратеникот, г-ѓа Силвана Бонева.

На крајот од расправата, Комисијата со по седум гласа „за“ оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.


 

Click