Активности



Петок, 13 декември 2013 година

Четириесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четириесеттата седница, одржана вчера, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување на Законот за трговските друштва (второ читање);
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност (второ читање);
  3. Предлогот на закон за дополнување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија (второ читање);
  4. Предлогот на закон за дополнување на Законот за индустриската сопственост (прво читање).

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Владанка Авировиќ,  ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по првите три Предлог-закони не се поднесени амандмани од овластени предлагачи. Комисијата му предложи на Собранието на Република Македонија да ги разгледа и донесе истите.

Потребата од донесување на Предлог-законот за дополнување на Законот за индустриската сопственост ја образложи заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев. 

Законот за индустриска сопственост се заснова врз начела на ефикасна заштита на права на индустриската сопственост, усогласеност со меѓународните стандарди, самостојност и владеење на правото, компетентност и одговорност. 

Беше истакнато дека овие карактеристики се веќе вградени во Законот, бидејќи органите мора да постапуваат професионално и одговорно при донесување на тие одлуки од причина што дошло до соочување со одредени проблеми, посебно кај царината, каде што кај одредени производи дошло до еден вид на проблем и неможност да се утврди нивното потекло, односно дали истите се оригинални.

Од тие причини, со предложените законски решенија правилата се пропишуваат подетално, органите ќе имаат можност да се дообучат, сè со цел донесување на правилни одлуки.

Со предложените дополнувања ќе дојде до хармонизација на законите на национално рамниште и тоа на Законот за индустриска сопственост со Законот за иновациска дејност и ќе се даде можност за создавање на ефективен систем за иновации преку вградување на правата кои произлегуваат од иновациската дејност.

Комисијата за економски прашања едногласно заклучи дека Предлогот на закон за дополнување на Законот за индустриската сопственост во прво читање е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click