Активности

Понеделник, 30 декември 2013 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и првата седница, одржана на 27 декември 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција.

Потребата од донесување на Предлог-законот ја образложи заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев.

Беше истакнато дека предложените измени и дополнувања произлегуваат од проектот „Учиме од бизнис заедницата“, односно од енергетските компании во Република Македонија.

Со предложените измени и дополнувања ќе дојде до намалување на трошоците во однос на инспекциите. Исто така, ќе им се дозволи на енергетските компании да се акредитираат, сертифицираат и сами да вршат надзор на одредени проекти, бидејќи досега истите работи ги вршеле надворешни компании кои биле сертифицирани и акредитирани.

Заменик-министерот за економија истакна дека за да се заштитат стандардите и критериумите, првата и секоја трета контрола ќе биде спроведена од независно инспекциско тело. 

Предложените измени и дополнувања ќе доведат до намалување на цените до потрошувачите и ќе дојде до стимулирање на повеќе компании да се акредитираат за вршење на инспекциски надзор.       

Врз основа на членот 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за економски прашања, со седум гласа „за“ и еден „против“ заклучи дека Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција во прво читање е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click