Активности



Петок, 4 октомври 2013 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на седницата, одржана на 2 октомври 2013 година, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Федеративна Република Бразил за соработка во областа на образованието;
  2. Предлог-законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Аргентинската Република за размена на информации за даночни прашања;
  3. Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за отворање на нов заеднички граничен премин наменет за меѓународен патен сообраќај меѓу двете земји „Белановце – Станчиќ“;
  4. Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за основање и за активностите на културните центри.

На седницата на Комисијата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Горан Стевчевски од Министерството за надворешни работи, кој ги образложи Предлог-законите.

Врз основа на расправaта, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги донесе горенаведените Предлог-закони.

Click