Активности



Среда, 17 април 2013 година

ПЕДЕСЕТ И ТРЕТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на Педесет и третата седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Џелал Бајрами, заменик-министер за транспорт и врски.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека по овој Предлог-закон, согласно рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата, без дискусија, заклучи Предлогот на закон за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click