Активности



Понеделник, 25 февруари 2013 година

Педесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Педесет и седмата седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Македонија;  
  2. Предлогот на закон за дополнување на Законот за денационализација;
  3. Предлогот на закон за регулирање на дел од долгот кон Обединетата банка на Швајцарија. 

Претседавачот на Комисијата, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлог-законите не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата ги проследи горенаведените Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието.

Click