Активности



Четврток, 18 април 2013 година

Педесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на денешната 59. седница, во второ читање, ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост и Предлог-законот за преземање на акционерските друштва.

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост, Комисијата разгледа три амандмани поднесени од пратениците Марјанчо Николов и Миле Андонов.

Амандманите ги образложи пратеникот Марјанчо Николов. Претставникот на Владата не се согласи со поднесените амандмани, а Комисијата не ги усвои истите и го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.

Во однос на Предлог-законот за преземање на акционерските друштва, Комисијата водеше претрес по амандмани поднесени од овластени предлагачи. Комисијата усвои три амандмани поднесени од пратеникот Владанка Авировиќ, а не беше усвоен еден амандман поднесен од пратениците Марјанчо Николов и Миле Андонов.

Комисијата за финансирање и буџет го проследи и овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.

 


 

Click