Активности



Среда, 5 јуни 2013 година

Шеесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Шеесет и седмата седница, одржана на 3 јуни 2013 година, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  • Предлогот на закон за претворање на побарувњата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, персонален данок на доход, данок на добивка и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во траен влог во Друштвото Фабрика за шински возила „Велес“  ДООЕЛ-Велес;       
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Во претресот учествуваше пратеникот Самка Ибраимоски.

Во врска со првиот Предлог-закон, беше истакнато дека е во спротивност со Законот за даночна постапка донесен во 2006 година.

Во Законот за даночна постапка се предвидени правата и обврските на даночниот обврзник, а во конкретниов случај се однесува на Фабриката за шински возила „Велес“ ДООЕЛ-ВЕЛЕС. Во истиот закон се предвидени сите процесни дејствија што може да ги преземе даночниот орган.

Дискутабилен е и даночниот долг кој е создаден од 2002 до 2008 година, затоа што се поставува прашање на застарување на даночниот долг според член 110 од Законот за даночна постапка.

Според укажаното, Законот е беспредметен. Може да предизвика судски постапки покренати од акционерите кои се пропратени со судски трошоци, а кои секако ќе паднат на товар на Буџетот на Република Македонија во случај на губење на спорот.

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, беа усвоени четири амандмани поднесени од овластени предлагачи.

На крајот од расправата, Комисијата ги проследи двата Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click