Активности



Понеделник, 14 октомври 2013 година

Шеесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 67. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Стево Темелковски, заменик- министер за животна средина и просторно планирање.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлог-законот.

Комисијата за транспорт, врски и екологија, без дискусија, го проследи Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click