Активности



Четврток, 24 октомври 2013 година

Шеесет и осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 68. Седница, одржана на 18 октомври 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  1. Предлог на закон за дополнување на Законот за генетски модифицирани организми;
  2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата;
  3. Предлог на закон за изменување на Законот за заштита од бучава во животната средина;
  4. Предлог на закон за изменување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори;
  5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот;
  6. Предлог на закон за изменување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување;
  7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за водите;
  8. Предлог на закон за изменување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух;
  9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема;
  10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење;
  11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градежното земјиште;
  12. Предлог на закон за изменување на Законот за железничкиот систем;
  13. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем;
  14. Предлог на закон за изменување на Законот за интеропербилност во железничкиот систем;
  15. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба;
  16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти;
  17. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за комунални дејности;
  18. Предлог на закон за изменување на Законот за жичари и ски-лифтови;
  19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги;
  20. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води;
  21. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај;
  22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај;
  23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта;
  24. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање;
  25. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота;
  26. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за домување.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа: г. Стево Темелковски, заменик министер за животна средина и просторно планирање и г. Џељаљ Бајрами, заменик министер за транспорт и врски.

Претставниците на Владата на Република Македонија, ја нагласија потребата за донесувањето на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

На крајот од расправата, Комисијата оцени дека Предлог законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.


 
 
 

 

Click