Активности



Четврток, 24 октомври 2013 година

Шеесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 69. седница, одржана на 22 и 24 октомври 2013 година, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, се поднесени вкупно 4 амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата не усвои ниту еден од предложените амандмани.

Во претресот по амандманите, учествуваа пратениците: г. Газменд Алији, г. Орхан Ибраими, г. Влатко Ѓорчев, г. Благоја Стојановски и г. Јани Макрадули.

По расправата, Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click