Активности



Среда, 3 јули 2013 година

Седумдесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Седумдесеттата седница, одржана вчера, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација.

Претседателот на Комисијата, г. Марјанчо Николов, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија на Предлог-законот не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.
      
Комисијата го проследи Предлогот на закон за  изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click