Активности



Понеделник, 21 октомври 2013 година

Седумдесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 77. седница, одржана на 7, 8, 9, 10, 14, 16, 17, 18 и 19 октомври 2013 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година.

Образложение на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот даде министерот за финансии, г. Зоран Ставрески.

Тој истакна дека Буџетот претставува основен инструмент на економската политика и во тие рамки треба да има ефикасна дебата за остварувањата на македонската економија во првите девет месеци од оваа година и да се објаснат условите во кои што се предлага овој Ребаланс на Буџетот.

Министерот за финансии нагласи дека македонската економија во 2013 година оствари резултати коишто се подобри од очекувањата. Во првите девет месеци од 2013 година резултатите се подобри и од повеќето земји од ЕУ и од тој аспект, не само што се задржа макроекономската стабилност, туку има и солидни резултати во сите главни макроекономски параметри, вклучително растот на економијата, странските инвестиции, извозот, вработеноста, невработеноста и сè она што е значајно да се добие вкупната слика за економската состојба во државата.

Република Македонија и натаму со нивото на државниот долг од 33,8% е четвртата најниско задолжена земја во Европа. Тоа е политиката која што е вградена и во Ребалансот за 2013 година и во Буџетот за 2014 година и Владата ќе остане на тој план на ниска задолженост на земјата.
 
Комисијата разгледа 57 амандмани од пратеници поднесени по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година и истите не беа усвоени. 

Комисијата за финансирање и буџет, согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија, го проследи Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година, на натамошна постапка.
         


 

Click