Активности



Петок, 4 октомври 2013 година

Седумдесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 78. седница, одржана вчера, како матично работно тело во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за лизинг;
  2. Предлогот на закон за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвото Тутунски комбинат АД Прилеп;
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки.

Претседателот на Комисијата, г. Марјанчо Николов, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за лизинг и Предлогот на закон за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвото Тутунски комбинат АД Прилеп, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Во однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, беа поднесени вкупно 17 амандмани од овластените предлагачи. Се водеше претрес по 15 амандмани од кои 11 беа усвоени, а 4 не беа усвоени од страна на Комисијата. По останатите 2 амандмани Комисијата не водеше претрес, бидејќи истите беа повлечени од овластените предлагачи.

На крајот од расправата, Комисијата горенаведените Предлог-закони ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click