Активности



Четврток, 24 октомври 2013 година

Осумдесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 81. седница, одржана на  22 октомври 2013 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат - делница Миладиновци-Штип“, кој ќе се склучи меѓу Експорт- импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта, по скратена постапка;
  2. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат - делница Кичево - Охрид“, кој ќе се склучи меѓу Експорт- импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта, по скратена постапка.

По секој Предлог-закон беа разгледани по 3 амандмани поднесени од овластените предлагачи, кои од страна на Комисијата,  не беа усвоени.

На крајот од расправата, Комисијата за финансирање и буџет ги проследи Предлог на законите на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click