Активности

Вторник, 4 јуни 2013 година
 
Учество на собраниска делегација на регионална конференција за Западен Балкан во Црна Гора
            
Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав г-ѓа Владанка Авировик претседател на Комисијата на економски прашања, г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата на финансирање и буџет и г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, на 1 и 2 јуни 2013 во Црна Гора, учествуваше на Регионалната конференција за Западен Балкан на тема: „Политиката на конкурентност", во организација на Вестминстер фондацијата.

На конференцијата, со која претседаваше претседателот на  Комисијата за економија и финансии на црногорскиот парламент, г. Александар Дамјановиќ, беа претставени  регионалните прегледи на политиката за конкуренција во земјите од Западен Балкан, од страна на регионални експерти, при што беше укажано на потребата од натамошно развивање на мрежата на парламентарните комисии за економија и финансиите и комисиите  за европски прашања во насока на зајакнување на улогата на парламентите и владите во промовирањето на конкуренцијата и економскиот раст во земјите од регионот.

Во дискусијата македонската делегација истакна дека не може да се зборува за  конкуренција во државите од Западен Балкан изолирано од  процесот на државната помош, бидејќи овие два процеса се поврзани и заемно се дополнуваат. Овој предлог беше поддржан и од останатите учесници на конференцијата со заклучок на една од следните конференции во рамките на овие состаноци да се расправа и за државната помош во државите опфатени во оваа мрежа.

Во фокусот на конференцијата беше натамошната работа на воспоставената мрежа на парламентарните комисии за економија и финансиите и комисиите за европски прашања  и идните активности и теми заклучно со март 2015 година, и тоа во делот на искористувањето на ИПА фондовите, странските инвестиции во Западен Балкан, прашањата од областа на енергетиката и на финансиите. Притоа, се истакна дека  потребни се стручни експерти од регионот, кои добро ги познаваат овие проблематики и истите ќе дадат градација на податоците во една база на податоци за потребите на парламентарната мрежа.
Click