Активности



Понеделник, 1 јули 2013 година

Хрватска – 28. земја-членка на ЕУ

Денеска Хрватска официјално стана 28. земја-членка на Европската унија. Синоќа во Загреб, на свечена церемонија, со богата музичка програма и во присуство на голем број светски лидери, Хрватска го прослави влезот во европското семејство.

Хрватска силно ќе го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан - беа децидни хрватскиот претседател, г. Иво Јосиповиќ и премиерот, г. Зоран Милановиќ.

22 години од прогласувањето независност од поранешна Југославија, Хрватска стана втора земја од екс југословенските простори, по Словенија, која стана дел од европското ѕвездено небо.

Хрватска поднесе барање за членство во ЕУ во 2003 година, а со кандидатски статус се здоби една година подоцна. Преговорите за членство и стартуваа во 2005 година и завршија во 2011 година со потпишување на договорот во Брисел, кој беше ратификуван од сите 27 земји-членки на Унијата во март годинава.

Click