Активности



Понеделник, 29 април 2013 година

Одржувањето надзорни расправи - сигурен чекор кон парламентарна демократија

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, на покана од Националниот демократски институт (НДИ), учествуваше на Работилницата на тема: Надминување на предизвиците за надзор кој го вршат парламентарните комисии. Работилницата се одржа од 24 до 26 април 2013 година во Бечиќи, Црна Гора.

На Работилницата учествуваа претседатели на комисиите и претставници од службите на Парламентите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Словенија и истите ги споделија регионалните искуства при имплементација на надзорните механизми кои ги поседуваат комисиите; дадоа објаснување за надзорот на комисиите при имплементација на политики, закони и буџети; ја претставија улогата на истражувачките и експертските одделенија, стручниот кадар во комисиите и граѓанските организации во процесот.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, даде краток осврт за годишното планирање на надзорни активности, како и надзорните активности во годишните работни планови на комисиите. Тој нагласи дека за да се постигне вистинска парламентарна демократија не е возможно без силен парламент кој во целост би ја остварил својата законодавна и контролна функција над работата на извршната власт. Одржувањето на надзорните расправи во Собранието на Република Македонија е еден, но сигурен чекор во таа насока.

Click