Активности

Понеделник, 30 декември 2013 година

Јавна расправа на тема: „Подготовка на закон за семејно насилство“

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за труд и социјална политика и Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Македонското женско лоби, на 27 декември 2013 година одржаа јавна расправа на тема: „Подготовка на закон за семејно насилство“.

Воведно излагање имаа: претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, г-ѓа Лилјана Поповска; претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, г-ѓа Цветанка Иванова; координаторката на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Кузмановска; директорката на Македонското женско лоби, г-ѓа Даниела Димитриевска и министерот за труд и социјална политика, г. Диме Спасов.

На темата свои обраќања имаа: г-ѓа Софија Спасовска, претставник на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, која го престави концептот за законот и основните начела според кој се работи истиот, потоа г-ѓа Вера Николиќ, претставник на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, која даде осврт на предложените мерки за заштита на жртвите на семејно насилство и сторителите и г-ѓа Марија Ралева, национален координатор за борба против насилство од Светската здравствена организација, која говореше за заштитата на децата сведоци на семејното насилство.

По дискусијата беа донесени следните заклучоци:

1. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за труд и социјална политика и Клубот на пратенички го поддржуваат подготвувањето на законот за семејно насилство и даваат поддршка за основните начела на кој се темели неговата подготовка, во кои се инсистира на:

  • почитување на достоинството на жената;
  • итност во постапувањето;
  • проширување на опсегот на жртвите;
  • проширување на опсегот на економските аспекти на семејното насилство;
  • посветување на посебно внимание на децата;
  • заштита и на други ранливи групи;
  • утврдување на институциите и невладините организации каде ќе се пријавува семејното насилство;
  • поголема улога на општините;
  • проширување на надлежностите на службите за отстранување на насилникот;
  • формирање на мултисекторски тим за подготовка на законот во кој ќе бидат вклучени претставници на институциите, невладините организации, Собранието на Република Македонија, судството, здравството и други стручни лица.

2. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за труд и социјална политика и Клубот на пратенички препорачуваат овој закон да биде направен во рок што ќе биде потребен за изготвување на добар и квалитетен закон.

Click