Активности



Понеделник, 29 јули 2013 година

Јавна расправа на тема: „Предлог на закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“

Денеска, во рамките на шеесет и првата седница, Комисијата за транспорт, врски и екологија, одржа јавна расправа на тема „Предлог на закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“.

На расправата, покрај претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили присуствуваа членовите на Комисијата: Марија Рашковска, Славе Гошев, Павле Саздов, Лилјана Затуроска, Јани Макрадули, Борче Ставров, Благоја Стојановски, Рејхан Дурмиши и Газменд Алији; замениците на членовите на Комисијата: Панче Дамески, Тони Трајановски, Саве Марачков, Тања Томиќ и Панче Орцев.

На седницата присуствуваа и пратениците Миле Андонов, Голупчо Ангелов, Надица Танчева Тулиева, Дарко Димитриески, Неџати Јакупи, Марјанчо Николов, Михајло Џолонга, Павле Трајанов, Силвана Бонева, Фламуре Демири Креци, Наџи Џелили, Нада Ципушева, Јулиета Марку, Орхан Ибраими, Беким Ќоку, Елена Павлова, Миле Пачемски, Јордан Пачков, Хајрие Мисими, Беким Фазлиу, Цветанка Иванова, Митре Велјаноски, Менде Диневски, Билјана Казанџиска, Сафет Бишевац, Бети Кузмановска, Станка Анастасова, Васко Пашовски, Ѓорѓи Коџобашиев, Вјолца Мехмети Нуредини, Сузана Салиу, Ердоган Сарач, Ромео Тренов, Светлана Карапетрова, Весна Пемова, Имер Алиу, Драган Цуклев, Трајче Димков, Емилијан Станковиќ, Хајрула Мисими, Драгиша Милетиќ, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Весна Бендевска, Александар Николоски, Илија Димовски, Дешира Имери и Џеват Адеми.

На седницата присуствуваа овластените предлагачи на законот, претставник од Владата на Република Македонија, медиумите, невладини организации и други организации институции и здруженија, претставници од странските амбасади, НДИ, ОБСЕ, УСАИД, мисијата на ЕУ во Република Македонија и др.

Воведно излагање имаше претседателот на Комисијата за транспорт, врски  и екологија кој даде кратко потсетување за целта на јавната расправа и министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

На јавната расправа усмени искази дадоа следниве учесници: Дејан Ѓеорѓиевски од Центарот за развој на медиуми, Насер Селмани од Здружението на новинари, Мирка Велиновска - новинар, Ивона Талевска, главен и одговорен уредник на весникот Вечер, Миленко Неделковски - новинар, Тамара Чаушидис од самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Драган Павловиќ-Латас главен и одговорен уредник во Сител телевизија, Мирче Адамчевски од Македонскиот институт за медиуми, Горан Гаврилов сопственик на Канал 77, Зоран Трајчевски претседател на Советот за радиодифузија, Бисера Јордановска од Групацијата на национални ТВ радиодифузери и Зоран Стефановски поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

Од причини што беше исцрпена листата на повикани учесници, претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ја затвори седницата.

 

Click