Активности

Вторник, 30 јули 2013 година

Јавна расправа по „Предлог на закон за медиуми“

Комисијата за транспорт, врски и екологија одржа јавна расправа на тема „Предлог на закон за медиуми“.

На расправата, покрај претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили присуствуваа членовите на Комисијата: Марија Рашковска, Славе Гошев, Павле Саздов, Лилјана Затуроска, Јани Макрадули, Борче Ставров, Благоја Стојановски, Рејхан Дурмиши и Газменд Алији; замениците на членовите на Комисијата: Тони Трајановски, Ленче Николовска, Саве Марачков, Тања Томиќ и Панче Орцев.

На седницата присуствуваа и пратениците Хајрие Мисими, Надица Танчева Тулиева, Орхан Ибраими, Миле Андонов, Стојко Пауновски, Садије Иљази, Сузана Салиу, Нада Ципушева, Јордан Пачков, Беким Ќоку, Бети Кузмановска, Васко Пашовски, Светлана Карапетрова, Миле Пачемски, Хајрула Мисини, Билјана Казанџиска, Горан Сугарески, Голупчо Ангелов, Станка Анастасова, Самка Ибраимоски, Трајчо Димков, Весна Бендевска, Цветанка Иванова, Менде Диневски, Оливер Спасовски, Ѓорѓи Коџобашиев, Наџи Џелили, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Радмила Шекеринска, Сафет Бишевац, Ромео Тренов, Силвана Бонева, Неџати Јакупи, Николче Ацевски, Ердоган Сарач, Вјолца Мехмети Нуредини, Диме Маџовски, Митре Велјаноски, Драган Цуклев, Марјанчо Николов, Весна Пемова, Харалампие Шокаровски, Илија Димовски, Недим Рамизи и Дешира Имери.

На седницата присуствуваа овластените предлагачи на законот, претставник од Владата на Република Македонија, медиумите, невладини организации и други организации институции и здруженија, претставници од странските амбасади, НДИ, ОБСЕ, УСАИД, мисијата на ЕУ во Република Македонија и др.

Воведно излагање имаше претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија кој даде кратко потсетување за целта на јавната расправа и министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

На јавната расправа усмени искази дадоа следниве учесници: Дејан Ѓеорѓиевски од Центарот за развој на медиуми, Тамара Чаушидис од самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Мирка Велиновска - новинар, Ивона Талевска главен и одговорен уредник на весникот Вечер, Мирче Адамчевски од Македонскиот институт за медиуми, Миленко Неделковски - новинар, Бобан Нонковиќ од МИА, Горан Гаврилов сопственик на Канал 77, Дарко Јаневски од Дневник, Панде Колемишевски новинар, Бранко Геровски новинар, Ерол Ризаов новинар, Слаѓана Димишкова од Македонската асоцијација на новинари, Томислав Новаковиќ од здружение на приватни електронски медиуми на Македонија, Александар Дамевски, Зоран Стефановски поранешен претседател на Советот за радиодифузија и Лазар Петрушевски од Советот за радиодифузија.

По исцрпувањето на листата на повикани учесници, претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија Реџаиљ Исмаили, ја затвори седницата.
Click