Активности



Четврток, 19 септември 2013 година

Македонија голем придонесувач за сигурноста и безбедноста на НАТО

Претседателите на Комисијата за надворешна политика, г. Антонио Милошоски и Комисијата за одбрана и безбедност, г. Владимир Ѓорчев; шефот на Делегацијата во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, г-ѓа Ермира Мехмети; како и членовите на Делегацијата, г-ѓа Наташа Савова и г. Павле Трајанов, остварија средба со г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ, помошник на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија.

Претседателот Милошоски, во своето воведно излагање, го поздрави присуството на г-ѓа Китаровиќ, притоа истакнувајќи ја повеќегодишната плодна соработка меѓу Република Македонија и НАТО, каде од земја потрошувач на сигурноста од НАТО станавме земја која придонесува за сигурноста и безбедноста на Алијансата, со голем придонес за учество во мировните мисии.

На средбата беа разменети мислења за моменталната политичка и економска состојба, прашањето за името со Република Грција, како и посветеноста за негово што поскорешно надминување, земајќи ја предвид стратешката определба на Македонија  за интегрирање во големото НАТО и ЕУ семејство.

Госпоѓа Китаровиќ посочи дека НАТО е базирана на принципот на консензус, поканата за Република Македонија останува отворена сè до изнаоѓање на решение за билатералното прашање. Воедно, таа изрази благодарност за учеството на Република Македонија во мировните мисии на НАТО.

Присутните беа согласни дека оваа средба уште еднаш ја покажува посветеноста на НАТО за соработка со нашата земја.

Click