Активности



Среда, 13 февруари 2013 година 

Средба на пратеникот Антонио Милошоски со израелскиот амбасадор, г. Јозеф Амрани

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Антонио Милошоски, оствари работна средба со израелскиот амбасадор, г. Јозеф Амрани, кој е во неколкудневна посета на Република Македонија.

На средбата заеднички беше истакнато дека пријателските македонско-израелски односи отвораат голем простор за соработка, особено во областа на економијата, одбраната и образованието.

Израелскиот амбасадор длабоко се заблагодари за поддршката што Република Македонија му ја дава на Израел на мултилатерално ниво. Исто така, го истакна односот на македонската држава кон еврејското прашање и изградбата на Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, како најдобар пример во Европа.

Милошоски и Амрани се согласија дека пријателските билатерални односи треба да бидат дополнителна причина за продлабочување на парламентарните односи помеѓу македонското Собрание и израелскиот Кнесет.

 

Click