Активности

Среда, 19 јуни 2013 година

Надзорна расправа на Комисијата за локална самоуправа

Комисијата за локална самоуправа, во рамките на првото продолжение на 5. седница, одржа надзорна расправа на тема „ Имплементација на процесот на децентрализација“.

На расправата, покрај претседателот на Комисијата, г. Џеват Адеми, присуствуваа и членовите на Комисијата за локална самоуправа,  потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу; г-ѓа Силвана Бонева, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ; г. Неџати Јакупи, координатор на Пратеничката група на ДУИ; г. Имер Алиу, координатор на Пратеничката група на ДПА; г. Рејхан Дурмиши, координатор на Пратеничката група на ПЕИ и пратеници.

На седницата присуствуваа овластени претставници на Владата на Република Македонија, претставници на ЗЕЛС, НДИ, ОБСЕ и Амбасадата на САД во Скопје.

Воведно излагање имаше претседателот на Комисијата за локална самоуправа, г. Џеват Адеми, кој накратко даде свое образложение за целта на надзорната расправа согласно законските прописи во Република Македонија.

На надзорната расправа, во улога на сведок, устен исказ даде заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковниот договор, г. Муса Џафери.

Од причини што беше исцрпена листата на повикани учесници (сведоци) за денешниот ден, претседателот на Комисијата за локална самоуправа, ја прекина седницата.

Тој информираше дека датумот за одржување на продолжението на надзорната расправа и распоредот на искази - агенда на претставниците (сведоците) од надзорната расправа, Комисијата за локална самоуправа ќе ја утврди дополнително на координација.
Click