Активности



Четврток, 23 мај 2013 година

Надзорна расправа на тема: „Имплементација на процесот на децентрализација“

Комисијата за локална самоуправа на Собранието на Република Македонија, на денешната 4. седница, како матично работно тело, ја разгледа Иницијативата за одржување на надзорна расправа на тема: „Имплементација на процесот на децентрализација“.

Претседателот на Комисијата, а воедно и предлагач на Иницијативата, г. Џеват Адеми, ја образложи Иницијативата дека со една добро спроведена надзорна расправа ќе бидеме во состојба да дадеме една реална слика за имлпементацијата на законите, успесите и предизвиците со коишто се соочуваат локалните власти како дел од процесот на децентрализација од минатите години, со осврт кон јавните служби, урбанизмот, руралното планирање, заштитата на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и други области утврдени со закони.

По расправата, Комисијата едногласно одлучи да организира одржување на надзорна расправа на тема „Имплементација на процесот на децентрализација”.

Click