Активности



Вторник, 4 јуни 2013 година

Петта седница на Комисијата за локална самоуправа

Комисијата за локална самоуправа, во рамките на Петтата седница, одржа надзорна расправа на тема „Имплементација на процесот на децентрализација“.

На расправата, покрај претседателот на Комисијата за локална самоуправа, г. Џеват Адеми, присуствуваа и членови и заменик-членови на Комисијата;  потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу; г-ѓа Силвана Бонева, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ; г. Неџати Јакупи, координатор на Пратеничката група на ДУИ и координаторот на Пратеничката група на ПЕИ, г. Рејхан Дурмиши.

Исто така, на седницата присуствуваа и претставници од Канцеларијата на НДИ во Скопје.

Воведно излагање имаше претседателот на Комисијата за локална самоуправа,  г. Џеват Адеми, кој накусо даде свое образложение за целта на надзорната расправа, согласно со законските прописи во Република Македонија.

На надзорната расправа, во улога на сведок, устен исказ даде министерот за локална самоуправа на Република Македонија, г. Тахир Хани. 

Од причини што беше исцрпена листата на повиканите учесници (сведоци) за ден 4  јуни  2013 година (првиот ден од надзорната расправа), претседателот на Комисијата за локална самоуправа ја прекина седницата. Тој информираше дека датумот за одржување на продолжението на надзорната расправа и распоредот на искази - агенда на претставниците (сведоците) од надзорната расправа, Комисијата за локална самоуправа ќе ја утврди дополнително на координација.

Click