Активности

Среда, 9 октомври 2013 година

Петто продолжение на 42. седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања денеска го одржа Петтото продолжение на 42. седница на Комисијата, посветена на надзорната расправа на тема: „Користење на фондовите од инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“ за ИПА-компонента VI: Развој на човечки ресурси.

На ова продолжение сведочеа девет сведоци, меѓу кои и министерот за труд и социјална политика на Република Македонија, г. Диме Спасов и министерот за образование и наука на Република Македонија, г. Спиро Ристовски.

Во врска со компонентата VI, а која се однесува на развојот на човечки ресурси во Република Македонија, на прашањата на пратениците одговараа и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, г. Влатко Поповски; директорот на Центарот за образование на возрасни, г-ѓа Линдита Ќазими; директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Дарко Димитров; а од невладините организации: г. Марјан Забрчанец од Македонскиот образовен форум - МОФ и г-ѓа Нада Коруновска од Тинк Тенк организацијата РЕАКТОР.

Во своите сведочења присутните гости информираа за искуствата при користењето на европските пари, при што ги појаснија процедурите  за добивање на финансиски средства преку овој инструмент, потешкотиите со кои се соочувале, како и за успешно спроведените проекти, преку кои се обучиле голем број на граѓани во земјата со одредени способности, потребни за  вработување.  

Во врска со Компoнентата II - Прекугранична соработка, на денешното продолжение сведочеа и раководителите на Пелагонискиот плански регион, г-ѓа Емилија Ѓероска и на Источниот плански регион, г-ѓа Драгица Здравева, кои се осврнаа на можностите, но и на досега реализираните проекти со користење на ИПА-средства во своите региони.       
Click