Активности



Понеделник, 1 јули 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 1 до 4 јули, Европскиот парламент, во Стразбур, одржува пленарна седница, во чиј фокус, меѓу другото, ќе биде буџетот на Европската унија за периодот 2014-2020 година.

Европарламентот ќе го обележи и вклучувањето на Република Хрватска како 28. земја-членка на ЕУ, со поздравен говор на првиот човек на европскиот законодавен дом, г. Мартин Шулц.

Исто така, европратениците ќе дебатираат за приоритетите на Литванското претседателство со ЕУ, кое започнува денеска и нејзино приклучување кон еврозоната.

На дневен ред на седницата ќе се најдат и климатските промени, штетите од поплавите во Централна Европа, заштитата на здравјето и личните податоци, изборите 2014 година, затворањето на Грчката национална радио телевизија, а ќе се оствари и дебата со унгарскиот премиер, г. Виктор Орбан, во врска со усогласувањето со ЕУ вредностите

 

 

 

Click