Активности



Вторник, 10 септември 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 9 до 15 септември, Европскиот парламент во Стразбур одржува пленарна седница, во рамките на која, денеска, ќе биде промовирана информативната кампања за европските избори, кои ќе се одржат следната година.

Во текот на утрешниот ден, обраќање ќе има претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, а европратениците заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, г-ѓа Кетрин Ештон, ќе дебатираат за политичко решение за актуелната ситуација со Сирија, како и за состојбата во Египет.

Исто така, во Стразбур ќе стане збор и за: производството на биогорива, за ризиците од хипотеки, проекти за гас, за системот за банкарска супервизија и друго, а претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, ќе одржи прес-конференција за состојбата во Европската унија.

 

Click