Активности



Понеделник, 7 октомври 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, од 7 до 10 октомври во Стразбур, одржува пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе стане збор за тутунската индустрија, со цел цигарите да станат помалку атрактивни кај младите луѓе.

Европратениците ќе дебатираат и за заштита на животната средина, за новиот систем за гранична контрола, сириската бегалска криза, подемот на десничарскиот екстремизам во Европа и ситуацијата на Ромите во Европската унија.

Исто така, на агендата ќе се најдат и заштитата на човековите права, борбата против корупцијата и дискриминацијата, насилството врз жените и др.

На последниот ден од сесијата ќе биде соопштен и добитникот на наградата „Сахаров“ за слобода на мислата.

 

 

 

 

 


 

Click