Активности

Четврток, 16 мај 2013 година

Посета на заедничка делегација на Венецијанската Комисија и ОДИХР

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Силвана Бонева, оствари средба со заедничката делегација на Венецијанската комисија и ОДИХР, составена од Оливер Каск, Амаја Убеда де Торес и Тамара Оташавили.

На средбата беше разговарано за последните измени на Изборниот законик  во Собранието на Република Македонија и имплементирање на препораките на ОБСЕ и ОДИХР во него.

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја истакна силната волја за соработка со ОБСЕ, ОДИХР и Венецијанската комисија во насока на понатамошно унапредување на Изборниот законик и изборните процеси во Република Македонија.
Click