Активности

Среда, 10 април 2013 година
 
Посетата на чешката делегација - прв чекор кон соработка меѓу двата парламента

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу оствари средба со делегација од Комисијата за здравство на Чешкиот парламент.

Делегацијата беше предводена од г. Алеш Розточил, заменик-претседател на Комисијата за здравство на Чешкиот парламент. Покрај членовите на Комисијата за здравство, во придружба на делегацијата беше и Н.Е. Мирослав Рамеш, амбасадор на Република Чешка во Република Македонија.

На средбата присуствуваше и г. Менде Динески, претседател на Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија.

Во  своето воведно излагање, г-ѓа Сузана Салиу ги информираше гостите за работата и активностите на Собранието на Република Македонија и истакна дека Република Македонија е мултиетничко, мултиконфенсионално и мултикултурно општество кое се манифестира и во Собранието на Република Македонија, така што од 123 пратеници, 25 пратеници се Албанци, а има претставници и од турската, српската, ромската и влашката етничка припадност.

Потпретседателот Салиу истакна дека Република Македонија и Чешката Република имаат добри пријателски односи кои се докажани на претседателско и премиерско ниво и дека се надева на добра парламентарна соработка и оти оваа средба е првиот сериозен чекор за успешна парламентарна соработка.

Шефот на делегацијата на Комисијата за здравство на Чешкиот парламент, г.  Алеш Розточил истакна дека иако Република Македонија и Чешката Република се доста различни сепак имаат и многу заеднички работи, а ваквите средби само ќе се придонесат за зајакната парламентарна соработка и за уште поголемо приближување на двете земји.
Click