Активности

Понеделник, 15 април 2013 година

Пратениците Авировиќ и Мисини на парламентарен семинар во Брисел

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ и претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, учествуваа на парламентарен семинар, кој се одржа на 12 април 2013 година во Брисел, Кралството Белгија.

На семинарот беа претставени наодите од новата голема регионална студија „Економските и европските перспективи на земјите од Западен Балкан“, чиј автор е г-ѓа Славица Пенев од Институтот за економски науки од Белград, Република Србија.

Учествуваа членови на парламенти, владини претставници и експерти од земјите од Западен Балкан, како и членови на Европскиот парламент.

Настанот овозможи на членовите на Мрежата на економско-финансиските комисии на земјите од Западен Балкан да се запознаат со носителите на одлуки и креаторите на мислења од Брисел.

Пред семинарот беше одржан и работен состанок на претседателите на Комисиите кои се дел од Мрежата, каде што се дискутираше околу владејачката структура на Мрежата, како и акцискиот план за активности до 2015 година.
Click