Активности

Петок, 12 април 2013 година
 
Прелиминарен состанок на ромските пратеници за унапредување на регионалната соработка
 
Денеска во Собранието на Република Македонија, во соработка со ОБСЕ, се одржа прелиминарен состанок на ромските пратеници од регионот, со цел да се унапреди меѓусебната соработка на сите нивоа.

На состанокот се разговараше за идејата за воспоставување на поблиска соработка помеѓу ромските претставници во парламентите, за подобро промовирање и давање на поголема тежина на ромските прашања и интереси во Европа, потоа за колегијалноста, еднаквоста, транспарентноста, заедничката одговорност, консензусот и за репрезентативноста.

Исто така, на состанокот се разговараше за прашањата кои се од заеднички интерес за сите Роми, без оглед на нивното потекло и државјанство, нагласувајќи го заедничкото етничко потекло на Ромите и заедничкиот интерес во лобирањето за „посилно да се слушне“ и препознае нивниот глас.
Click