Активности



Среда, 4 септември 2013 година

Размена на студенти – предлог за образовна соработка меѓу Македонија и Канада

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада оствари средба со Канадска делегација, предводена од спикерот на Сенатот на Канада, г. Ноел Кинсела.

Претседателот на Пратеничката група, г. Игор Ивановски, во воведното излагање, се заблагодари за посетата, за искреното обраќање на г. Ноел Кинсела во Македонскиот парламент и за принципиелната поддршка на евроинтегративниот пат на нашата земја.

Истакнувајќи дека односите со Канада за нашата земја се од огромно значење, тој изрази благодарност за формирањето на Групата за соработка со Македонија во Канадскиот парламент.

Присутните се согласија дека формирањето на оваа Група отвора можност за предлог-проекти и споделување на искуства кои би ја зајакнале соработката во многу области меѓу двата Парламента и двете држави. 

Како проект, г. Ноел Кинсела предложи размена на студенти, тргнувајќи од тоа дека е мал процентот на канадски студенти кои заминуваат надвор од нивната земја, па преку ваков тип на образовна соработка меѓу Универзитетите, тој процент значително би се зголемил, а овој проект би бил корисен за двете земји.

Меѓу останатото, канадскиот спикер го поздрави и процентот на застапеност на жените во Македонското собрание.

Тој упати и покана за двонеделна програма во Сенатот на Канада за собраниската служба, на која ќе стане збор за двојазичноста, а ќе се отвори и можност за размена на најдобрите практики на работа во Парламентите. 

Click