Активности

Петок, 12 април 2013 година

Регионална конференција на ИПС стипендисти

Во организација на Здружението за парламентарна соработка „ИПС Македонија“ се одржа Регионална конференција на ИПС стипендисти на тема: Наследството од ИПС во фокус: преку активизам на здруженијата на меѓународната парламентарна стипендија до поголемо учество во политичкиот и општествениот живот во татковината, на која зедоа учество ИПС здруженија од целиот балкански регион, релевантни чинители од Македонија и Германија.

Германскиот парламент им дава на младите луѓе можност во текот на 15-неделни активности кај член на Бундестагот да се запознаат со германскиот парламентарен систем и со процесите на донесување на политички одлуки и да стекнат практично искуство во областа на парламентарната работа. 

Стипендијата ИПС е наменета за високо образовани и политички заинтересирани млади луѓе, кои имаат желба по завршување на програмата да се вратат во своите татковини и активно и одговорно да учествуваат во формирањето на нивната демократска иднина. 

Цел на оваа конференција е размена на искуства помеѓу поранешните ИПС стипендисти за можности за општествен активизам преку активно вмрежување на ИПС стипендистите, како и дискусија за потесна соработка помеѓу ИПС стипендисти од различните земји и релевантите германски и регионални чинители. 

На конференцијата поздравно обраќање имаa г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, г. Марк Бомхоф, реферат за Меѓународни програми за размена во германскиот Бундестаг и г-ѓа Карин Фоистнер заменик- амбасадор на СР Германија во Македонија.

Во своето обраќање, претседателот на Собранието изрази задоволството од преземањето на покровителстовото на ИПС Програмата, како можност што Сојузна  Република Германија ја нуди, за градење на капацитетите на младите луѓе од Југоисточна Европа.

За поддршката на работата на ИПС здруженијата во институционалниот, општествениот и политичкиот живот, говореа: г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграција; г. Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика и Парламентарната група за соработка со германскиот парламент; г. Иван Петрушевски, соработник за меѓународна соработка во Собранието на Република Македонија;  д-р Хајнц Бонгарц, претставник на Фондација „Фридрих Еберт“; г-ѓа Даниела Поповска, претставник на Фондација „Конрад Аденауер“, како и г. Марк Бомхоф, референт за меѓународни програми за размена во германскиот Бундестаг. 

Тридневната конференција ќе ја затвори нејзината екселенција, амбасадорот на Германија во Република Македонија, г-ѓа Гудрун Штајнакер.
Click