Активности



Понеделник, 10 јуни 2013 година

Собраниска делегација оствари средба со г. Жан Клод Мињон, претседател на Парламентарното Собрание на Совет на Европа

Координаторите и заменик-координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија и Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, остварија средба со г. Жан Клод Мињон, претседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПС на СЕ).

На средбата присуствуваа: г. Александар Николоски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Совет на Европа; г-ѓа Соња Мираковска, заменик-член; г. Александар Спасеновски, заменик-координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ; г. Игор Ивановски, координатор на Пратеничката група на СДСМ; г. Неџати Јакупи, координатор на Пратеничката група на ДУИ; г. Беким Фазлиу, заменик-координатор на Пратеничката група на ДПА; г. Горан Мисовски, координатор на Пратеничката група на НСДП и ЛП; г. Рејхан Дурмиши, координатор на Пратеничката група на ПЕИ и СЛ.

Шефот на Делегацијата, г. Александар Николоски, во своето воведно излагање, посакувајќи им добредојде на присутните, изрази задоволство од оваа заедничката средба помеѓу Собранието на Република Македонија и Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Во рамките на средбата, двете страни разменија мислења и ставови во однос на Извештајот за постмониторинг дијалогот со Република Македонија, стана збор и за имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, воспоставувањето на анкетната комисија за расветлување на настаните од 24 декември, како и наметнатиот спор за името на Република Македонија од страна на јужниот сосед.

Извештајот за постмониторинг дијалогот со Република Македонија, кој ќе биде разгледан во рамките на јунската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, беше оценет како урамнотежен и комплетен од страна на претседателот Мињон.

Тој изрази задоволство и од успешното прво претседателство на Република Македонија со Комитетот на министрите на Советот на Европа.

Шефот на делегацијата, г. Александар Николоски, на крајот од средбата, се заблагодари за плодната дискусија, како и за поддршката која ја добива Собранието за својата работа од Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Click