Активности



Среда, 5 јуни 2013 година

Средба на пратеникот Хајрула Мисини со Н.Е. Мариет Шурман 

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, денеска имаше работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија, г-ѓа Мариет Шурман, на нејзино барање.

На средбата стана збор за добрите меѓусебни односи и за соработката меѓу двете земји, пред сè на парламентарен план. Во таа насока амбасадорката Шурман информира за претстојната посета на делегација на Комисијата за европски прашања на Кралството Холандија во првата половина на јули оваа година.

Претседателот на комисијата Мисини истакна дека во интерес на Македонија, но и пошироко на регионот е земјата да добие датум за преговори, при што изрази поддршка на предлогот на еврокомесарот Филе за паралелно одвивање на преговорите за ЕУ членство, заедно со  решавањето на прашањето за името со Република Грција во рана фаза на преговорите.

Притоа, укажа дека само во рамките на пристапните преговори Европската унија ќе може да влијае на реформите од една страна, а од друга страна  датумот за преговори ќе даде нов импулс и мотив за поактивен однос кон нив, внатре во земјата.

Во врска со најавената посета на парламентарната делегација на Кралството Холандија  во јули годнава, амбасадорката Шурман истакна дека тема на средбите секако дека ќе бидат евроинтегративните процеси на земјата, во контекст на јунскиот самит на Европскиот совет.

Click