Активности



Петок, 25 октомври 2013 година
 
Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со г-ѓа Астрид Торс
 
Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети и членовите: г-ѓа Силвана Бонева, г. Ѓорѓи Коџабашиев, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Менде Диневски, г. Неџати Јакупи, г. Џеват Адеми, г. Бехиџудин Шехаби, г. Орхан Ибраими, г. Беким Фазлиу, г. Наџи Џелили, г. Ќенан Хасипи, г. Иван Стоилковиќ и г. Сафет Бишевац, денеска, на барање на новоназначениот висок комесар за националните малцинства при ОБСЕ, г-ѓа Астрид Торс, која е во посета на Република Македонија, одржаа средба во врска со надлежностите на Комитетот и неговата улога во остварување на правата на заедниците во Република Македонија.

Од Канцеларијата на високиот комесар на средбата присуствуваа и г-ѓа Сирпа Раутио, личен советник на високиот комесар, г-ѓа Стефание Марсал, виш советник, г. Александер Хуг, раководител на сектор и г. Арие ван дер Пас, виш координатор  за меѓуетнички односи во Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На почетокот на средбата, г-ѓа Ермира Мехмети ја објасни улогата и составот на Комитетот, притоа истакнувајќи дека во досегашното работење на Комитетот, истиот се покажа и потврди дека има голема улога, но и одговорност во остварувањата на општите и посебните права на националните заедници, односно на припадниците на националните заедници. Со ова Комитетот дава придонес во развојот на мултикултурната и мултиетничката димензија на македонското општество за вистински соживот на сите граѓани, а со тоа и јакнење на парламентарната демократија во Република Македонија.

Госпоѓа Торс изрази интерес за блиска соработка на припадниците на националните заедници во афирмацијата на  Охридскиот договор и неговата прифатеност од страна на сита граѓани во Република Македонија, без оглед на етничката припадност. Високата гостинка, исто така, изрази интерес околу правната поставеност на Комитетот за односи меѓу заедниците, како и за функционирањето на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво.

Сите присутни членови на Комитетот ги нагласија спецификите на Република Македонија и нејзиниот мултиетнички  карактер, намалената интеракција на меѓуетничките односи заради што има посебна потреба за менаџирање на  односите  меѓу заедниците што преставува столб на стабилноста на општеството.

Госпоѓа Ермира Мехмети го објасни процесот на интеграцијата на сите граѓани и сите заедници во Македонија, се заложи за почитување на етничкиот идентитет, за почитување на разликите со цел градење мултиетничко општество.

На крајот од средбата, претседателот на Комитетот, г-ѓа Ермира Мехмети, се заблагодари во лично име и во името на сите членови на Комитетот, за интересот и желбата за посета на нашиот Парламент и особено за средбата со членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците. 

Click