Активности



Четврток, 5 септември 2013 година

Средба на координаторите на пратеничките групи со г. Иво Јосиповиќ

Координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, денеска, остварија средба со г. Иво Јосиповиќ, претседател на Република Хрватска, на негово барање.

На средбата присуствуваа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Силвана Бонева, г. Игор Ивановски, координатор на пратеничката група на СДСМ, г. Неџати Јакупи, координатор на пратеничката група на ДУИ, г. Имер Алиу, координатор на пратеничката група на ДПА, г. Горан Мисовски, координатор на пратеничката група на НСДП и г. Рејхан Дурмиши, координатор на пратеничката група на ПЕИ и СЛ.

Претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ, истакна дека парламентарната соработка меѓу двете држави е добра и  нема отворени прашања меѓу двете земји. Исто така, тој укажа на продлабочување на економската соработка меѓу Република Хрватска и Република Македонија.

Интересно е како функционира парламентарната демократија каде што има различни мислења, тој се интересираше за работата на парламентот и за соработката на пратениците.

Координаторите на пратеничките групи најпрво и го честитаа членството на Република Хрватска во ЕУ, истакнаа благодарност до Република Хрватска за поддршката што ѝ ја даваат на Република Македонија за остварување на сонот да стане дел од големото европско семејство и дека им е мило што во Република Хрватска имаат добар лобист во Европската унија.

Координаторите го запознаа г. Иво Јосиповиќ, со работата на парламентот и со проблемите со кои се соочуваат. Се разговараше за спорот со јужниот сосед, за имплементирање на Охридскиот договор и за настаните од 24 декември.

Click